Format: mp3
Албумот на Ninotchka е оригинално снимен некаде во 1987-1988 година.
Никогаш не е официјално издаден.
Понеделник 2 јуни 2014 излегува за PMG Recordings, како 103-то издание.
Со овој албум ја започнуваме едицијата ОД ДРУГАТА СТРАНА, во која PMG Recordings ќе издаде или реиздаде повеќе квалитетни и значајни македонски музички проекти од 80-тите години на 20-тиот век, кои заслужуваат да бидат принесени поблиску до ушите и вниманието на пошироката/денешната публика. Освен од историски коректни принципи, ова го правиме и во функција на промовирање на идејата и сценариото за филмот ОД ДРУГАРА СТРАНА, кој е во развој и ќе се занимава со македонската underground музика и сцена од 8-0тите.
Сметаме дека ова е мошнд значаен проект и нашата амбиција е да работиме за негова целосна реализација. Вашата помош (информации, аудио или видео снимки, било каков корисен материјал од тоа време) е повеќе од добредојдена.
Топли поздрави