Bernays Propaganda / My Personal Holiday LP / PMG#43

08.04.2010

Bernays Propaganda е нашиот најуспешен инди бенд во последниве години, нивниот цврст став, неоспорен талент и беспрекорна работна етика ги доведоа во таа позиција на водечки бенд на македонската независна сцена. Нивниот прв албум "Happines Machines" (pmgcd27) стана инстант класика на нашата нова музика, а тиражот на ЦДто е распродаден (освен послените неколку копии кои сеуште се на рафтот во Југотон/Литиум продавницата и потоа ќе го снема !!!), што е и сосем логично за албумот на годината 2009та според култното радио Канал 103. Кога сме веќе кај пехари, тука е и признанието за албум на годината од регионот+топ 10 албуми на деценијата според реномираниот загребски "Vecernji List"...

Но сето тоа полека станува минато. На 26ти април излегува вториот албум на Bernays Propaganda - My Personal Holiday. Бендот е поискусен, покомплексен и повозрасен и тоа јасно се чувствува на оваа плоча. Ставот и енергијата непроменети, а намерата да се дотрча трката некомпромитирана. Плоча која вреди да се дочека, а не треба уште многу да се чека.

26ти Април.

Цела Македонија.

Бидете подготвени.