#Brzina na svest tretata kompozicija od noviot 8mi po red PMG Kolektiv album - Do Neboto Zamok

23.05.2019
Порано мислев дека сум кретен. Се изненадував од брзината, видот и нескротливоста на моите мисли. Ми се одбиваа од черепот и имплодираа во внатрешноста за максимална приватна еуфорија. Од неизмерна радост дека сум брилијантен, до смрзнувачки страв од осаменост. Малку подоцна сретнав човек на кого можев да му ги нафрлам моите мисли, а тој да ми ги врати назад усовршени. Од тогаш без престан си подаваме со нашите мисли, небаре топка се, а од таа игра се раѓа досега нечуена музика. Така добив конечна потврда и сега веќе не мислам дека сум кретен. Сега знам дека сум.
 
​