PMG Recordings Activities

13.06.2019

Прво мислев дека е убава. Го проверував тоа предолго. После мислев дека е вредна. Тоа е навистина ретко. Малку подоцна почнав да мислам дека е многу паметна, ме запрепасти нивото на толеранција. Потоа почнав да мислам дека е добра. На крај бев убеден дека е и добра и паметна. Се што сакам е да е посилна...

30.05.2019

Некој ми спомна: “не може ова да биде мотивациона песна и за девојчиња, кога пишува >> моето момче...” Понекогаш ме збунува ригидноста на мислите, токму на оние на кои им треба додатна мотивација. Небаре еден збор ја одредува припадноста на таков тип богатство. Кога си малецок, позитивна мотивација е твојата шанса да изградиш и задржиш добар свет околу себе...

23.05.2019

Порано мислев дека сум кретен. Се изненадував од брзината, видот и нескротливоста на моите мисли. Ми се одбиваа од черепот и имплодираа во внатрешноста за максимална приватна еуфорија. Од неизмерна радост дека сум брилијантен, до смрзнувачки страв од осаменост. Малку подоцна сретнав човек на кого можев да му ги нафрлам моите мисли, а тој да ми ги врати назад усовршени...

16.05.2019

Цел живот се трудев да згазам на традициите, да ги подуништам некако, пред тие да ме уништат мене. Патернот по кој баба ми била машина за раѓање, а мајка ми роб на кујната, е директна и непосредна закана за мојата ќерка. Можеби сум лесна мета, призвук недозволено нежен, но и порака сум непријатна: нашите ќерки веќе нема да го крмат инертниот домаќин и ќе се свртат кон своето парче огледало...

09.05.2019

Мајка ми се имаше помирено со Бога многу одамна пред да дојде нејзиното време. Никако не можев да го разберам тоа. Под ниедни услови. Веројатно на мојата арогантност и сметаа нејзините причини. Толку долго време не бев ни блиску до сознанието дека сите луѓе и сите причини се еднакви пред спокојното лице на смртта...

15.06.2015

  Pochituvani  PMG Recordings go najavuva 5toto izdanie na PMG Recordings Festival. i ovoj pat ke prosledite nastapi na nekolku od najaktuelnite makedonski artisti od indie rock i elektronskata scena,  se vo edna vecher i se posveteno na TANCOT ♥ PMG Recordings festival e sonichna evokacija na praiskonskite muzi vo novoto vreme. PMG Recordings Festival e proslava na sovremenata makedonska muzika i kultura. PMG Recording Festival e avtentichen skopski izblik, bidejki vo Skopje ULICITE PEJAT...

02.04.2015

“We, so tired of all the darkness in our lives With no more angry words to say Can come alive Get into a car and drive To the other side” (Steppin’ Out, Joe Jackson) Промени се себе и ќе го промениш светот.  Ова сигурно не сум го смислил јас, но фантастично го опишува моето животно искуство. Човек може лесно да се предаде на духовна корупција, да верува во судбина, господ, или криминалец на чело на држава...

26.03.2015

На 2 април, во четврток, официјално излегува новиот 6ти (шести) по ред албум на PMG Kolektiv наречен #ExYou. ќе има ЦД за сите оние со хардвер колекционерски афинитети и секако free download дами & господо. Ќе се собереме во Менада ќе слушаме НОВИ ПЕСНИ, стари песни.....

25.03.2015

Мугер Фугер продолжија да сонуваат. Придружете им се и вие во сништата е вистината.   Свиреа, пееа, пишуваа, снимаа, продуцираа, режираа глумеа, дизајнираа, монтираа, сонуваа од Октомври 2014 до Март 2015.   Дамите: Тања Тас, Соња Димитриоска, Теа Шалдева, Ања Илиева, Даниела Хаџиќ...