![VA: Makedonija na Struja Vol.1 [pmgrec 163] 2019](images/discography/pic163-091229032019.jpg)
MAKEDONIJA NA STRUJA VOL.1
VA
163
Release Date: 30.03.2019
Македонија на Струја е зрак светлина, вперен кон автентичните локални протагонисти на современата електронска музика. Речиси 30 години, респектабилен број на луѓе ги вградија својот интегритет, креативност и животна енергија во корпусот на оваа сцена и обезбедија да бидеме дел од светскиот електронски real time процес. Нашите диск џокеи, композитори/продуценти, па и промотери (и самите тие фанови), поставија здрави корени и сериозни критериуми, кои речиси 30 години обезбедуваат основа за развој на оваа сцена. Разнолоикоста на идеи, пристапи, музички стилови е наше богатство, кое го должиме токму на пионерите на оваа сцена, но и сите оние кои ја преземаа идејата и ја пренесоа во новото време. Време кое изобилува со шаренило, квантитет, па и квалитет, кои беа речиси незамисливи пред триесетина години.
Македонија на Струја е платформа за обединување на круцијалните имиња на македонската електронска сцена и мост за соработка помеѓу чинителите на истата од сите периоди. Истакнување на значењето на домашните артисти, со фокус на што е можно поголем респект кон нив, како од публиката, така и од оние кои денес го водат бнизнисот во сцената. Платформа за меѓусебна соработка пред се на артистите, но и на сите чинители на сцената.
Македонија на Струја е компилација во прогрес, со која целиме да бидат опфатени најголем можен број на домашните електронски продуценти во следните години.
Македонија на Струја е фестивал на кој годишно и на едно место, ќе настапуваат најзначајните имиња на македонската електронска сцена.
-
1.Samoil Radinski - Skopje6:07
-
2.PMG Kolektiv - 90Ti Deep House Bass5:07
-
3.Dejan Dex - No Sense6:02
-
4.Robotek - Struja5:56
-
5.Goran Kan - Shoteba5:51
-
6.Tempus - Tempus3:04
-
7.Tripnotic - Diablo4:28
-
8.Galatheia - Metropol4:49
-
9.Bodan Jamakoski - RV95:04
-
10.Vidininovski feat. Mirko Popov - Sakam4:44