Annual festival of the leading Macedonian label and contemporary musical promoter PMG Recordings | Годишен фестивал на водечката македонска дискографска куќа и музички промотер PMG Recordings
Program | Програма
7 October, Stanica 26, 21:00 >>>
– Sara Renar LIVE [CRO] – Sethstat LIVE [MKD] – PMG Kolektiv Orkestar LIVE [MKD] – Aleksandar Veliki LIVE [MKD] – Violeta Kachakova DJ Set [MKD] – Ilina Angelovska DJ Set [MKD] – Mirko Popov DJ Set [MKD]
14 October, MKC Skopje, 21:00 >>>
– Mathew Jonson LIVE [CAN] – Young Dadi LIVE [MKD] – Andreja Salpe DJ Set [MKD] – Goran Kan DJ Set [MKD] – 5R + Dimchuga DJ Set [MKD] – Vanski LIVE [MKD]
The Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia supports the realisation of the festival. | Фестивалот се реализира со поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија.
Thanks to our esteemed and renowned artist and friend Velimir Zherinovski for giving us his drawing from the series Memoris#000 to be used for the artwork for this year’s festival edition. | Благодарност до нашиот ценет и реномиран уметник и другар Велимир Жериновски, кој ни гo остстапи неговиот цртеж од серијата Memoris#000 за изработка на визуелниот промотивен материјал за овогодинешниот фестивал.
PMG Recordings е дискографска куќа која е вложена во креација и промоција на современа Македонска музика уште од 1998 год. и досега има издадено точно 200 изданија на некои од најталентираните артисти од нашево поднебје. ПМГ рекордингс фестивал е годишна проверка на квалитетот, нивото и континуитетот на нашата работа.
12тиот по ред ПМГРФестивал, носи извонредно интересна и квалитетна понуда на 2 стејџа, со пакосно добри имиња. Оваа година фестивалот се одвива под наслов: ГРАДОТ МЕ ТЕРА ДА ПЕАМ исто како и јубилејното 200тото издание (компилација) на дискографската куќа, која може да се спушти бесплатно овде:
ЛУФТАНЗА е бенд предводник на новата алтернативна скопска и македонска генерација. Вистинска експлозија од младешка свежина и креативност, која предизвика бура од воодушевување на сцената последниве 2 години. На овој фестивал, со целовечерен концерт, тие ќе го промовираат нивниот најнов ЛП, кој штотуку го завршија.
NIPPLEPEOPLE се наши специјални гости и веројатно најпопуларниот бенд во моментов во регионот. Нивниот хит “Фрка“ е број 1 хит на последнава декада, а новата песна “Јелена“ е фантастична обработка на една од најубавите српски староградски теми во електро поп манир. Многу добро познати на скопската публика, пред се поради нивниот незаборавен сценски настап, кој го додатно го изразува квалитетниот музички израз.
ХAJKA се екипата на моментот. Годината 2022 ќе остане запаметена како година кога Хајка ги освоија македонските концертни подиуми, но и срцата на искрените вљубеници во музиката. Фуриозен пост панк скопски состав, кој никого не остава рамнодушен. A must see! Сте ги гледале? Глејте ги пак, сега муе мајката :)))
CUT YOUR NIPPLE се претставници на истата таа феноменална нова алтер генерација, како и Луфтханза и Хајка. Бенд кој полека го гради својот идентитет и создава звук за кој тек ќе се дискутира. Тие ќе го отворат овогодинешното издание.
KANTON6 е електро-етно-џез состав од СКопје, кој докажува дека Џезот настанал во Македонија и е традиционална македонска музика. По интересното лето на пат низ најоткачените балкански провинцијални џез фестивали, се враќаат со настап во тајната престолнина на светот: СКопје.
PMG Tanz Digital stage Бифе ФРОСИНА
АНДРЕЈА САЛПЕ е еден од креативните предводници на новата македонска електронска сцена. Неговите рецентни продукции се вртат на светските подиуми за танц, а неговиот диџеј (или лајв) настап е сјајна низа од современи клубски бисери.
ВЕСЕЛИНОВ е наш специјален пријател, кој доаѓа од Кавадарци и е неуморен со својата квалитетна електронска продукција. Му паметиме неколку настапи во живо, па го поканивме да се претстави токму така, со неговото пероснално видување на нештата кои значат танц.
GALATHEIA е многу добро познато име на нашата музичка сцена. Со еден албум и повеќе Е.П. изданија за PMGR, но и некои други лејблови и секако зачестени “живи“ настапи во последниве месеци, таа ја засилува својата амбиција како автор и полека но сигурно граби кон ново долгосвиречко издание. На фестивалот ќе се претстави со диџеј сет.
ВИОЛЕТА КАЧАКОВА е долги години тивката сила која го бутка целиот ПИЕМЏИ колектив напред. Во меѓувреме успеа да изгради забележителна диџеј кариера по скопските локали, клубови, па и фестивали. Нејзиниот диџеј сет буквално секогаш измамува супер позитивни реакции. Такво нешто очекуваме и на овој фестивал.
Фестивалот се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Билетите по цена од 400 денари ДО ДЕНОТ НА ФЕСТИВАЛОТ можете да ги набавите на билетара МКЦ и он лајн исто од МКЦ. ПОБРЗАЈТЕ, не е толку голем МКЦ колку што е големо срцето на ПМГ РЕКОРДИНГС ФЕСТИВАЛ 12.
ПМГ Рекордингс Фестивал 11 и оваа година дел од популарната БЕЛА НОЌ Во Младинскиот Културен Центар Скопје, на два музички подиуми, ќе продефилираат некои од највозбудливите имиња на македонската музичка сцена. ПМГ Рекордингс е дискографска куќа со над 200 изданија на современа македонска музика и секогаш е доследна до високиот критериум за квалитет, кој го презентира во најдобро светло на својот годишен фестивал. МКЦ Парк е резервиран за бендовскиот дел од програмата. Еден од најуспешните наши бендови во последниве 20 години, со 9 албуми и голем број хитови е секако ПМГ Колектив. На овој фестивал, тие ќе го претстават материјалот од најновиот албум “Fraternité“, но во исто време и новата постава од 8 члена, вистиснки оркестар, кој ќе понуди сосем ново искуство во перцепирање на музиката на овој состав. Подгответе се за голем звук и незаборавна свирка. На истото место ќе ги проследиме и легендите на македонската џез сцена Сетстат; добро познатата поп дива Марија Каева со сосем нов материјал; загадочните електро даркери Блекстејт и извонредно интересните Луфтханза, кои внесуваат нова младешка енергија на сцената. МКЦ Плато стејџот е резервиран за електронска танц музика, каде можеби највозбудлив ќе биде деби настапот во живо на електро дуетот Диџеј Магија, а со диџеј сетови ќе се претстават: Дарко Јорданов, Нино Наумов, Божидар Видоески, Илина Ангел и DJ UX од фантастичното Амок Радио.
Влезот е слободен. Ги почитуваме сите препораки на владата за заштита од ковид19. Реализацијата на фестивалот е подржана и од Министерство за култура на Република Северна Македонија.
PMG Recordings Festival 10 vo ramkite na Bela Nokj ovaa godina vo specijalno specijalni uslovi po site protokoli so maski, distanca i higiena so ARTISTITE koi ja odbeležaa ovaa za e ba na PMGR godina. Aleksandar Veliki Kanton6 PMGKolektiv BarumBarum Galatheia Robotek Iskra Svetlost Sethstat Vidinovski
VLEZOT E SLOBODEN start vrati 18:00 start 19:00 kraj: 01:00
ПМГ Рекордингс фестивалот доплови до бројката 9. Фина бројка, магиЈски својства и секако бројка која го крие клучот за разбирање на Универзумот. Но ајде прво да го разбереме нашиот локален универзумски контекст. Една НЕкултура во континуитет, поттикната директно одозгора, сесрдно прифатена и реализирана од подолните слоеви на општеството, неподготвено и незаинтересирано за одговорност. ПМГ Рекордингс, како изблик на незадоволство од културната и сеопштата состојба на теренот, веќе 21 година издава и промовира македонска музика и култура, со единствена цел: поквалитетен живот. Нашата фестивалска инкарнација и оваа година ќе понуди висококвалитетна програма пред се со домашни автори, но и неколку странски врвни имиња. Минатата година продефилираа 5-7000 посетители на фестивалот. Да се собереме повторно во огромен број и да си дадеме сила едни на други, во опстојувањето на НАШАТА ИСКРА СВЕТЛИНА, ВО овие МРАЧНИ неКУЛТУРНИ ЛАВИРИНТИ НА МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО.
PMG RECORDINGS FESTIVAL 8 овогодишното издание ќе се реализира во рамките на традиционалната БЕЛА НОЌ во организација ма МКЦ Скопје
PMG Recordings, без лажна скромност е водечка македонска (независна) дискографска куќа во последниве 20 години, колку што и постои. Нашата амбиција отсекогаш и беше токму тоа. Да се ископа современата македоснка музика и доведе на сончева светлина, па внимателно залевана и култивирана, да вроди со плодови, од кои ќе се сладат новите поколенија на оваа чудесна држава, која неретко заборава да ужува во сопствените достигнувања.
20 години и секојдневна борба за речиси 200 изданија е еден солиден круг во услови на отсуство на музичка индустрија…или било каков културен план во земјава. Но да не се занимаваме со условите, какви и да се, тие се мајка и татко на сите достихнувања. Да се вреднуваме според завршената работа.
Во сабота на 6 октомври имаме фестивал и ќе славиме. 3 стејџа со 14 имиња кои значеле и значат во соѕвездието на нашиот лејбл, град и држава. Влезот е СЛОБОДЕН, па само дојдете да прославиме една заедничка СОНИЧНА МЛАДОСТ.
7 јули, со почеток во 23 часот, во летниот клуб Сектор 909 ќе се одржи седмиот по ред ПМГ рекордингс фестивал 7 под мотото PMG tanz digital.
Фестивал кој 7 години по ред има тенденција во најблескаво можно светло да претстави дел од македонските музички автори кои имаат изданија во тековната година. Оваа година фестивалот е посветен на електронската музика и во фокус ги става рецентните најквалитетни изданија од овој музички жанр. На фестивалот ќе настапат Галатеја, Роботек, Видиновски, Нино Наумов и Мирко Попов.
Галатеја неодамна го издаде својот „groundbreaking“ деби албум Метропол, кој полека се извишува како светилник на автентичниот и современ женски израз на домашната сцена. Квалитет кој недостасуваше и инспирација за сите нас кои веруваме во напредок и подобар свет. Две песни од овој албум добија и свој автентичен видеозапис, песната „Метропол“ во режија на Георги Унковски и песната „Десет“ во режија на Бојан Кртолица (реализиран во рамки на овогодишното издание на Партисима Скопје).
Роботек е еден од првите автори кои ѝ дадоа лик и облик на македонската електронска сцена, човек кој од 1999 креира и издава сопствена музика и е сеприсутен со своите атрактивни диџеј сетови по скопските, македонските, но и клубовите надвор од земјата. Недостижен и незаменлив карактер, кој ќе влезе во книгите кои ќе се обидат да го доловат духот на нашево време.
Видиновски е автентичен скопски технопродукт од третата генерација. Редовно продуцира електронска музика и издава плочи на сопствениот и секако други реномирани светски лејблови. Неодамна и со завиден успех, го издаде албумот „Patterns Vidinovski“, кој го етаблираше во еден од најценетите и во рамките на сцената – признаени домашни автори.
Нино Наумов, со речиси дводецениско искуство, е еден од најстабилните и најпочитувани диџеи на локалната сцена. Последниве неколку години, долж очигледното подигање на квалитетот на неговата работа, тој е еден од најбукираните диџеи по скопските клубови. Степенот на доверба помеѓу него и неговата публика е на највисоко ниво во неговата кариера.
Вечерта, со свој диџеј сет традиционално ќе ја затвори Мирко Попов, 25 години професионално диџеј искуство, лице одговорно зад издавачката куќа ПМГ Рекординс, иницијатор и организатор на ПМГ рекордингс Фестивалот и бројни други музички настани, повеќе од 15 години поддржувач на македонската електронска и алтернативна музичка сцена. Оваа година како музички автор во рамки на музичките состави ПМГ Колектив и Кантон 6, Попов го издаде седмиот по ред студиски албум на ПМГ Колектив – Скопје, а во подготовка е и албум во живо на Кантон 6 (во соработка со Синиша Ефтимов), моментално најдобриот електронски денс колектив во земјава).
Почитувани, По повод големиот јубилеј-15 години постоење, 100 изданија и безброј ноќи неспани, Пиемџи Рекордигс, со несекојдневно задоволство, Ве кани на голема игранка, со наслов PMG Recordings Фестивал 4 Петок 18 октомври, во домот на младите – скопје Нашата свеченост, со настапи во живо, ќе ја збогатат Техно панкерот – Philipp Gorbachev, Comeme, Берлин Пост панкерите – Monozid the band од Лајпциг И ревија на ѕвезди од независното македонско небо Омилените Bei The Fish Урбаниот херој Lepi Xhoni Живата легенда Robotek Емоционалните Millko И отпишаните PMG Kolektiv Со секоја купена влезница-подарок цд од каталогот на PMG Recordings 18 октомври МКЦ Влезници во Jugoton, Pola Jugoton и касата на Mkc Skopje Цената на влезниците е 200ден. до 15 октомври, потоа 300 (исто на врата), така да побрзајте и набавете. СО СЕКОЈА ВЛЕЗНИЦА ДОБИВАТЕ ПОДАРОК ЦД ОД КАТАЛОГОТ НА ПМГ РЕКОРДИНГС.