17.04.2013 | Author: Mirko Popov
Официјална промоција на првиот сингл од последниот албум на Bei The Fish – Instant Generation (At The End Of The Sand), а истовремено и ексклузивна регионална премиера на музичкиот канал MTV, точно во 20:00 часот.
По долгогодишно непојавување во своите видеа, главните улоги во спотот ги завземаа самите членови на бендот Огнен Анастасовски, Валентина Миновска, Ненад Тонкин и Владимир Настевски. Тоа така добро го направија под камерата на Георги М. Унковски, кој што е најголемиот заслужник за комплетниот изглед на спотот. По првата многу успешна приказна “True Story”, ова е негово второ видео за овој бенд.
Другите “виновници” за изгледот на спотот се Еми Џуровска, Марина Георгиевска, Даница Стефановска, Милена Крстева, Јасмина Главинче, Душан Петровски – Дуци, Бојан Шефот Спасовски, Огнен Темелковски, Горјан Темелковски и Дамјан Мирчевски.
***The pleasure is ours***
Artist: Bei The Fish
Title: Instant Generation
Album: At The End Of The Sand
Label: PMG Recordings
Year: 2013