22.06.2011 | Author: Mirko Popov
Авалон Продукција одлучи концертот на Jamiroquai што ќе се случи на 3-ти јули, да го отвори скопскиот бенд ПМГ колектив, кои пред публиката ќе се претстават со 45 минутен настап.
“ПМГ Колектив има голема чест и задоволство да настапи како предгрупа на една од најголемите светски музички ѕвезди – Jamiroquai.
Наша задача е да ја размрдаме и загрееме публиката, па во тој правец бендот благо ќе го прилагоди звукот кон атмосферата на гостинот, што значи може да се очекува по – фанки и разигран сет од ПМГ Колектив”, најави Мирко Попов.