PMG Recordings Activities

18.10.2010

Најновото 52 издание доаѓа во форма на супер-дупер електронско (Acid House:) EP кое од ПЕТОК 22 окт. ќе можете бесплатно да го спуштите од нашиот веб сајт со 2 композиции кои се фантастични како за вашето секташење по дома, така и за вашиот квалитетен ДИЏЕЈ сет (доколку го имате воопшто)...

24.08.2010

Најновото ПМГ Рекордингс издание, број 47 е пред Вас. Албум на еден од најталентираните и најуспешни (вон границата на нашата земја) наши музичари Дуке Бојаџиев, или ако сакате DUKE B. Откривање на неговата ЕЛЕКТРОНСКА страна преку целовечерен концерт, на кој во живо ќе ја промовира новата плоча, насловена "NY a...

29.07.2010

Kanton 6 / Rock EP [pmgrec 046] бесплатен даунлоуд од 2 Август - 3 неиздадени култни песни од 2001 година. Кантон 6 настапуваат во живо на 11 Август 2010, на отварањето на петтиот Акто Фестивал во Битола. Кантон 6 е возрасен, независен дискурс. Предвремена ејакулација на нештата кои дојдоа. Постојана реинвенција на состојбата наречена транс: музички, физички и ликовен...

02.06.2010

Mал летен ПМГ Рекордингс ФЕСТИВАЛ КОМБО под отворено небо во КАПАН АН, во старата турска чаршија, на 18 јуни со почеток во 23:00 часот. Концерти на 2 од најуспешните/најзафатени/најпродавани бендови од нашиот лејбл. PMG Kolektiv и Conquering Lion се шашава и слатка комбинација од разни музички фазони за квалитетен night out под отворено небо...

11.05.2010

PMG Recordings Ви го најавува новиот втор по ред албум "Петар Пан синдром" на скопскиот средношколски панк состав Фонија, заедно со концертната промоција која ќе се случи во сабота, на 15 мај 2010 во клубот Кастро со почеток во 21:00 часот. Бендот ќе се претстави со дел од новиот, но и голем дел од стариот материјал...

03.05.2010

PMG Recordings Ве кани на ТЕХНО ЖУРКА :))) на која официјално ќе ја промовираме нашата web страница на која редовно можете да се информирате за артистите и најновите случувања околу PMG Recordings... За оваа прилика се одлучивме за класична ТЕХНО ЖУРКА со настап: Мирко Попов dj set Душко Јаневски live !!! Нино Наумов dj set ТЕХНО ЖУРКА како во старите добри времиња :)))) и тоа во простор кој во последно време е сосема пригоден за едно ЧУВСТВО ОД ТОЈ ТИП...

13.04.2010

ПМГ Колектив буквално го вгради својот опус во приказната на овој град во последниве дваесетина години, Дури и музиката на бендот е пречесто со скопска тематика, но и се обраќа ин/директно на луѓето од овој град. Затоа и секогаш е чудна возбудата со која бендот приоѓа кон концертите кои ги свири пред скопската публика...

08.04.2010

Bernays Propaganda е нашиот најуспешен инди бенд во последниве години, нивниот цврст став, неоспорен талент и беспрекорна работна етика ги доведоа во таа позиција на водечки бенд на македонската независна сцена. Нивниот прв албум "Happines Machines" (pmgcd27) стана инстант класика на нашата нова музика, а тиражот на ЦДто е распродаден (освен послените неколку копии кои сеуште се на рафтот во Југотон/Литиум продавницата и потоа ќе го снема !!!), што е и сосем логично за албумот на годината 2009та според култното радио Канал 103...

27.02.2010

Грозничавиот микс на креативна инспирација, притисокот од полумрачното секојдневие и манијачката ефикасност, релативно брзо доведоа до уште еден албум на СКОПСКИОТ бенд ПМГ Колектив. Со оглед на фактот што минатиот албум ("Пријателски Оган", ПМГ Рекордингс, јануари 2009) беше објавен пред една година, произлегува дека бендот воопшто и не застанал со работа ни за момент...

20.02.2010

Живееме во време кога еден од најспоменуваните зборови е ИДЕНТИТЕТ. Многу дискусии, главно неписмени и тенденциозни околу ова, а се чини главен поттикнувач и потпикнувач на мрак во целата приказна е власта - дали од позициски или опозициски фазон - сеедно. Ниту го бранат и развиваат оној идентитет кој го имаме, ниту го поттикнуваат развојот на идентитетот кој треба да го добиеме...