PMG Recordings Activities

12.12.2011

Зошто светот е коцкаст? Зошто Скопје е центарот на цветот? Зошто ние овде сме подобри од другите? Зошто очите на носорогот му се помаранџасти? Навистина.... ПМГ Рекордингс ја завршува годината на висока нота, со ГОДИШНИОТ КОНЦЕРТ - А ВЕКОТ ТАКА ДОБРО ЗАПОЧНА. ПМГ Колектив ќе свират целовечерен концерт за промоција на овогодишниот албум...

10.12.2011

ШТОМ ТЕ ВИДАМ е прекрасна меморија, која го враќа минатото кое навистина нема име. Но, денес минатото не е, туку ние. А ние сме и утре. И тоа е добро. Тоа ни прави добро. Нека песнава Ви прави добро,како што фантазмагоричниот оригинал на МАЕСТРО Александар Џамбазов ни направи нам...

15.11.2011

Секогаш кога те гледам цимнат, но некако не ти е доволно јако, се јавуеш кај вујко ти да нарачаш ПОЈАЧАЊЕ. Ете токму ПОЈАЧАЊЕ стига у прави час за вас и у форма на новото, ама и БЕСПЛАТНО е.п. на нашите мили личност/и Д Џон. Се работи за дубока љубов кон фини нешта и секако строг граѓански дух со домаќинска позадина...

04.11.2011

Dear friends and relatives...especially relatives... Here's another one of those free download jams from our stable. Our personal TECHNO POPE, Mr.Dusko Janevski on the controls, with lovely Miss Maria Kaeva on vocal/songwriting dutys and a remix by infamous TECHNO PRIESTS Kanton6. It's like Mathew Jonson, Rebolledo and Jennifer Conelly are piknicking at the Paris cemetary on a dreaded sunny day. Creative djs should be very interested, but plain music lovers should also get it. So...

27.09.2011

Драги сограѓани. Со необично задоволство ве известуваме дека ВТОРИОТ албум на НАШИТЕ ДАБ/РЕГЕ/ХАРДКОР ХЕРОИ Conquering Lion ќе се појави во продажба во сите македонски градови од СРЕДА 28 Септември до НЕДЕЛА 30 Октомври, по цена од пријателски 200ден. Позрел и несомнено поквалитетен од претходниот, KNOW YOUR WISDOM ги издига “ЛАВОВИТЕ“ на ниво на водечки бенд во својот стил во нашата земја, а неуморната концертна активност во потврдена музичка сила во регионот...

22.06.2011

Авалон Продукција одлучи концертот на Jamiroquai што ќе се случи на 3-ти јули, да го отвори скопскиот бенд ПМГ колектив, кои пред публиката ќе се претстават со 45 минутен настап. "ПМГ Колектив има голема чест и задоволство да настапи како предгрупа на една од најголемите светски музички ѕвезди - Jamiroquai...

04.05.2011

Албумот број 4 на ПМГ Колектив носи наслов "А Векот Така Добро Започна". Излегува во среда, 4 мај 2011 во музичките продавници во Скопје (следи датум и за останатите македонски градови). Снимен потполно во живо во студиото "Чикен Меднес" од страна на Ивица Јанкуловски, продуциран од Љупа Ангелов и Кантон 6, ова е најорганскиот и веројатно најзрел албум на бендот досега...

31.03.2011

Со необично задоволство го објавуваме официјалното издание на нашиот нов сингл "Излези Надвор", кој е најава за 4тиот албум на бендот, кој ќе носи наслов "А Векот Така Добро Започна". "Излези Надвор" е композиција со спор, но динамичен ритам и е направена во стилот ГЕЈ-ХОП или ЦЕНТАРСКИ РАП...

25.01.2011

ПМГ Рекордингс со задоволство Ве поканува на концертната промоција на новиот албум НАЈСМЕШНИОТ ВИЦ НА СВЕТОТ на скопскиот бенд Fighting Windmills, ПМГ Рекордингс#53. 23:59 Beda Express (WARM UP) 00:30 FIGHTING WINDLILLS концертна промоција на новиот албум НАЈСМЕШНИОТ ВИЦ НА СВЕТОТ, ПМГ Рекордингс#53 ЖУРКА: 01:30 Мирко Попов диџеј сет све до сабајле :))) Ете извонредна можност за целовечерна игранка и луд провод...

13.12.2010

Почитувани, НИКОТИН е проект на Сашо Митревски, Стефан Терпини и Милко Митровски (Р.И.П. 1975-2008) снимен во 2003 година и во тоа време понуден на македонските дискографски куќи за издавање, кои поради третманот на домашната музика како "монета за поткусурување" немале слух за ова квалитетно музичко дело, па завршило во фиока...