ПМГ Колектив пред Jamiroquai

22.06.2011

Авалон Продукција одлучи концертот на Jamiroquai што ќе се случи на 3-ти јули, да го отвори скопскиот бенд ПМГ колектив, кои пред публиката ќе се претстават со 45 минутен настап.

"ПМГ Колектив има голема чест и задоволство да настапи како предгрупа на една од најголемите светски музички ѕвезди - Jamiroquai.

Наша задача е да ја размрдаме и загрееме публиката, па во тој правец бендот благо ќе го прилагоди звукот кон атмосферата на гостинот, што значи може да се очекува по - фанки и разигран сет од ПМГ Колектив", најави Мирко Попов.