НИКОТИН / LP / PMG#51

13.12.2010

Почитувани, НИКОТИН е проект на Сашо Митревски, Стефан Терпини и Милко Митровски (Р.И.П. 1975-2008) снимен во 2003 година и во тоа време понуден на македонските дискографски куќи за издавање, кои поради третманот на домашната музика како "монета за поткусурување" немале слух за ова квалитетно музичко дело, па завршило во фиока. Во меѓувреме Милко Митровски го објавува мало музичко ремек-дело-проект/албум Mr.Brown (PMG Recordings#23) во 2008ма и истата година трагично го губи својот живот. Другиот дел од НИКОТИН работи под името Мillko (Don't Let Them Win/PMG#20, 2008 и Changes/PMG#36, 2009) и е еден од најквалитетните инди бендови на сцената. Оваа концентрација на квалитет упатува на фактот дека на подзаборавената НИКОТИН плоча им одлична музика, која во најмала рака вреди да се официјализира. Токму тоа и го правиме ИЗДАВАЈЌИ го овој албум и посочувајќи на музичката, емоционална и историска вредност која тој ја носи

Албумот излегува во строго лимитиран тираж од 70 примероци, колку што има места за седење во ЏЕБНОТО КИНО во МКЦ. Со секоја купена влезница, добивате примерок од ЦДто. Влезот/ЦДто чини 150ден.

Освен концертот на Миллко кои ќе го свират материјалот на Никотин, вечерта ќе ја облагороди и АРТ ПЕРФОРМАНСОТ на Маја Кировска.

Посветено на Милко Митровски (1972-2008)

Почеток точно во 21:00

со почит, ПМГ Рекордингс