Skopje Music Conference OPENING + CD Promo Alleksandar Pejovski / Zmej od Hartija

08.12.2014
Скопската Музичка Конференција е прва од таков вид во земјава и има амбиција да прерасне во легитимен и релевантен ануален музички настан. Идејата и реализацијата потекнува од дискографските куќи Pmg Recordings и Drop Series, водечки на независната сцена, која со децении е основен креативен двигател на современата македонска музика.

Свеченото отварање е предвидено за среда 10 декември, во кино Фросина, МКЦ Скопје.
За отворањето на конференцијата, освен пригодна реч :))) предвидовме и промоција на реизданието 
>> Змеј Од Хартија >>
на нашиот водечки композитор на современа класика, господинот Александар Пејовски. 
>> Змеј од Хартија >>
ќе може да се набави како СЛОБОДЕН ДАУНЛОД од www.pmgrecordings.com и како ЦД.

 
Во рамките на промоцијата, ќе може да погледнете и 20ет минутно ВИДЕО, специјално подготвено од Борјан Зафоровски.
По проекцијата идеме лабаво во фоајето на Фросина, со музички избор на г-динот Пејовски.